Friday, November 7, 2014

Работилница: Подготовка за час за Изо процеси


ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ЧАС


ОСУ„Св. Климент Охридски- Охрид
Наставник: Силвана Крстеска                                                     датум:07.11.2014
Предмет: Физика
Одделение: I година
Наставна тема: Молекуларна физика. Молекуларно кинетичка теорија
Наставна содржина: Изо процеси кај гасовите

Тип на час


Наставни форми
Наставни средства и помагала
1. Обработка на нова наставна содржина
2. Вежби
3. Комбиниран
4. Повторување, утврдување, тестирање, проверување
1. Фронтална
2. Групна
3. Во парови (тандемска)
4. Индивидуална
5.____________________
6.____________________

1. ИКТ
2. Учебник
3. Табла
4. Наставни ливчиња
5. ____________________

Наставни методи
Наставни техники
1. монолошки метод
2. дијалошки метод
3. илустративен метод
4. демонстративен метод
5. метод на практична работа
6. метод на експериментирање
7. метод на истражување
8. учење преку проект
9. учење преку решавање проблем
10. претприемничко учење
11. разговор
12. симулација
13. дискусија
14.______________________

1. бура на идеи
2. круг
3. дневник во три колони
4. техника на интервју
5. конструирање на мисловни мапи
6. сложувалки
7. загатки, игри
8. грозд техника
9. играње улоги
10. ИКТ
Корелација: со други теми од физиката, со хемијата, со примери од секојдневниот живот

Цели на часот:
§  Да ја истражуваат зависноста на притисокот од волуменот при константна температура
§  Да ја истражуваат зависноста на брзината на движење на молекулите од промената на гравитацијата
Организација на наставниот час:
Активности на наставникот:
Воведно ангажирање:
На почетокот учениците се запознаваат со целите и исходите на часот. Кратко повторување за Клапејронова равенка.
Истражување:
Активности на наставникот:
§  На почетокот на часот учениците се делат во групи и добиваат работна задача: Истражувај ја зависноста на притисокот од волуменот при константна температура користејќи ја симулацијата Gas Properties од страната www.phet.colorado.edu. Стартувај ја симулацијата избери константна температура, менувај ја големината на волуменот почнувајќи со максимален волумен од 1 на линијарот и намалувај на 3, 5 и 7 истовремено отчитувајќи ги вредностите за притисокот. Податоците внесувај ги во табела и нацртај го графикот на оваа зависност во P-V дијаграм.
Дискусија:
Активности на наставникот:
Презентација на групите и дискусија на заклучоците со што се врши потврда на Бојл-Мариотовиот закон.
Примена:
Активности на наставникот:
Решавање на нумерички задачи со примена на законот. Задавање на домашна работа Да ја истражуваат зависноста на брзината на движење на молекулите од промената на гравитацијата

Активности на ученикот:
Воведно ангажирање:
Одговараат на поставените прашања од страна на наставникот.
Истражување:
Активности на ученикот:
Ја изработуваат симулацијата и извлекуваат заклучоци.
Дискусија:
Активности на ученикот:
Групно го изведуваат истражувањето, заклучуваат, цртаат и анализираат графици.
Примена:
Активности на ученикот:
Решавање на нумерички задачи со примена на законот. Задавање на домашна работа Да ја истражуваат зависноста на брзината на движење на молекулите од промената на гравитацијата

Средства и постапки за вреднување:
1. дискусија
2. прашања
3. наставно ливче
4. тест на знаење
5. прашања и задачи за самооценување
6.__________________________________

Забелешка од реализација на часот:


No comments:

Post a Comment